Синдикатот на Полиција во Македонија во изминатиот период најостро реагираше поради издавање на незаконски решенија на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски каде спротивно на сите правила и прописи,спротивно на Закон и Колективен договор во МВР полициските службеници добиваа решенија без никаков правен основ и спротивно од законските основи се распоредуваат за една цел “партизација  и приватизација” на институцијата за лични и партиски потреби, реагира Синдикатот на Полиција во Македонија

За извршените незакоснки распоредувања по жестоките реакции на СПМ јавноста не доби никаков одговор за изминатиот период од 6 години за од кои причини ширум Секторите за внатрешни работи и останати организациски единици при БЈБ во МВР за каква потреба, Министерот Оливер Спасовски распоредуваше полициски службеници.
Одговори не добивме, но скандали добивме како резултат од потребите за унапредувања на партиски подобни раководители, a кои ги видовме кога ги прикажаа специјалните вештини во серијата скандали каде и се виде за што всушност биле “стручни” а од што значително се потресе и наруши угледот на Министерството па така стана појасно за каква потреба на служба биле унапредени од непрофесионален профил експерти со посебни способности за да носат маски со две лица, една да глумат началници и командири, а втора главни босови.
Професионализмот и Криминалот не одат заедно ниту замената на професионалците со партиски послушници создава професионализмот.
Спасовски и поставените од него партиски послушници во МВР никако да се издигнат над партиските и личнитe интереси постојано покажуваат дека несакаат да го променат незаконското постапување а со кое самоволие потврдуваат дека несакаат воопшто да ги прифатат укажувањата од страна на СПМ за да се корегираат.
Највисокото раководство продолжува упорно да тераатт по зацртана агенда за целосна партизација на МВР и свесно непрофесионално постапуваат во спротивност на позитивните законски регулирани прописи и како партиски послушници поставени во највисокото раководство на МВР продолжуваат да ги кршат и да се ставаат над Законите, правилата и прописите само за да може преку незакоснките распоредувања и унапредувања,  Оливер Спасовски да има целосна партиска контрола на МВР за лични и партиски интереси.

СПМ ја известува јавноста дека по завршување на локалните избори Министерот Спасовски повторно продолжи во “полна пареа” да врши незакоснки распоредувања со издавање на нови незакоснки решенија, а за кои укажуваме на фактот дека скоро сите решенија се изготвуваат по измислен основ „по предлог на Началник на СВР“ или пак по „по потреба на министерството„ а кои што начини на распоредувања – не постојат.

Спасовски е против професионализација,  а тоа го потврдува со серија нови вработувања и незаконски унапредувања без соодветно стручно високо образование и никакво работно стручно искуство, со Фризери, фарбари, дефектолизи, пекари, свирачи, и разни занаетчии. Изминативе денови се наполни Министерството со нова тур партиски војници кои се поставуваат директно на високи позиции а со сето тоа се продолжува со турбо процес за целосна партизација, а кој процес е апсолутно нелегитимен.
Во МВР на чело со Спасовски , нема крај на хаосот и безредието ниту на политичките притисоци со кои изминативе години се спречува Владеењето на правото.
Министерството е претворено во “партиска испостава на политичка партија” од што наместо професионализам во највисокото раководство има претеризам со продолжување на xаосната состојба а која се создава и понатаму со помош на скроените од Спасовски партиски формирани комисии за распоредувања и унапредувања за кој незнаеме сеуште за овие изминати години дали воопшто и се состануваат како и каде на кој начин носат одлуки дали во кафичи, подруми или пак во штабови? За кој одговор Спасовски молчи и сеуште незнаеме каде и дали се сочинуваат Записници⁉️

Бараме да се престане со прогонот за уништување на професионалците и веднаш да се отпочне со враќањето на сите вработени кои се незаконски распоредени бидејќи само професионалци со долгогодишни искуства на своите претходни работни места постигнуваат одлични резултати а кои доколку и понатаму бидат спречувани и не бидат вратени последиците ќе станат уште поголеми и одговорноста Ваша Министре ќе се зголеми.
Господо дарувани чиновници, вие кои сте аминувани за лични и партиски потреби Вие кои сте на одговорни функции со ФУЛ привилегии да ве потсетиме дека веке претеравте со аздисување во МВР. Веднаш да ги запрете непрофесионалните акивности со кои вршите мобинг, како одмазда за политички неуспеx на дарувачот, непрофесионално е тоа што и понатаму жестокото вршите напаѓање кон секој професионалец кој манифестирал непослушност или ненаклонетост а за кое незаконско несоодветно и нестручно однесување добро знаете дека сторени казниви дела поврзани со злоупотреба на функцијата не застаруваат па така имајте на УМ дали ке ја намалите или ке си ја зголемите одговорноста која во следниот период ке биде побарана пред институциите.

Индивидуалната одговорност ќе се бара за сите лица кои што учествувале во незаконската постапка за издавање незаконски решенија и нивно донесување како што се припаднците на правната служба на МВР и претставниците на МПС кои што со право на глас а членуваат во Комисиите за распоредување и кои со свое учество во истите активно допринеле во целиот незаконски процес на донесување на овие незаконски и сите нови кадровски разместувања во МВР.

За незакоснките распоредувања и унапредувања на вработени во МВР со процес кој е спротивен на заложби за професионализација и деполитизација на полицискиите структури, од страна на Синдикатот на Полиција во Македонија ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до сите надлежни државни органи а воедно и ќе се информираат претставниците на мегународната заедница во Р.Македонија.

Само Професионална и одговорна полиција ослободена од политички притисоци, деполитизирана може непристрасно да ги штити граѓаните кога се гради исклучиво професионален, одговорен и чесен пристап а кој начин заради лично партиски интереси на Министерот Оливер Спасовски и понатаму упорно се спречува, преку незаконско постапување со процес партизирање и приватизирање на МВР, вели  генералниот Секретар на СПМ
Дејан Саздов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.