Оливер Спасовски, зошто ги заборави полициските службеници?!, прашуваат од Синдикатот на полицијата во Македонија, во нивното обраќање до министерот за внатрешни работи, кое ви го пренесуваме во целост:
На ден 02.11.2021 година министерот за финансии Фатмир Бесими излезе на прес-конференција на која го претстави предлог буџетот за идната година, до оцени за развоен и гордо изјави:
„Повисоки плати за дел од администрацијата, рекордни 615 милиони евра за капитални инвестиции и највисок јавен долг до сега од 65,9 проценти од БДП. Тука влегуваат зголемување на плати во здравство за 5 проценти, поголеми плати во судство за 15 проценти, раст на плати од 15 отсто за обвинителите, 7 отсто поголеми плати во обрзованието согласно колективниот договор, раст на плати во културата согласно колекривниот договор во кој растот се поврзува со растот на минималната плата и 10 проценти раст на платите на испекциските служби согласно закон што е донесен и според кој ова ќе биде трета година како се корегираат нивните плати“.
Синдикатот на полицијата во Македонија ја поздравува оваа одлука иако лично смета дека и овие ветени проценти се мали за наведената категорија на работници.
Она што нè загрижува како Синдикат е тоа што веруваме дека во еден момент немаше вработен во Полицијата, а да не се чувствува барем во овие неколку дена вреднуван, знаејќи го притоа фактот како секојдневно се справува со предизвиците од кризата на терен, а некој и покрај сè му го вреднува трудот доколку добиевме убава вест. Но, не е така за жал.
Ова вчера што го изјавија преку соопштение од Владада за жал мораме да констатираме дека е страшно, жално и бедно и невреднување на трудот на вработените во Полицијата. Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Владата е СРАМНА. Се сеќавате до пред извесно време пред неколку години токму од министерот Спасовски беше измислена паролата „Задоволна полиција – безбедни граѓани“. Да се запрашаме, а и запрашајте се Вие господа од Владата сега дали после оваа срамна одлука ќе имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА?
Запрашај се самиот министре Спасовски ако веќе имаш самиот осет за тоа.
Како Синдикат сметаме и веруваме дека Ви е познато дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените НИШТО денари кои ги предлага Владата со ребалансот на буџетот. Барем да предвидевте исто колку и здравствените работници, Да, малку се но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи.
Согласно наведеното НАЈОСТРО СЕ СПРОТИСТАВУВАМЕ на вчерашното соопштение, реагираме до Владата и Собранието и БАРАМЕ да се преиспита ова наше барање и во најбрз можен рок да се исправи нанесената неправда нанесена сега и пред извесно време на вработените во Министерството за внатрешни работи. Веруваме дека сите заедно ќе смогнете сила и без разлика на политиките ќе ја донесете сите заедно оваа одлука која за момент можеби ќе ја врати довербата во професијата „ПОЛИЦАЕЦ“. Зошто да нема покачување на платите во Полицијата? ЗОШТО?
Да направиме од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава. Вие сте на потег!
На самиот крај министре Спасовски бидејќи воопшто не се грижиш за твојата полиција, ВЕДНАШ ДАЈ СИ ОСТАВКА може ќе дојде друг кој ќе започне да не почитува и вреднува
Со почит,
Синдикат на Полиција во Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.