Синдикатот на полицијата на Македонија не е во можност да им излезе во пресрет и да им обезбеди вакцинација на своите членови, поради, како што велат, „со првиот ден на стапувањето на позицијата Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски првата активност пред се му беше да ја сопре членарината за Синдикатот“.

Бидејќи како министер за внатрешни работи со прст до сега нема помрднато за преземање на мерки околу вакцинирање на вработените, Синдикат на Полиција во Македонија ја  известува јавноста и министерот Спасовски дека највисоките структури на СПМ донесоа ОДЛУКА целиот износ од наредните вкупно три членарини од членовите да ги пренамениме во организација за вакцинирање пред се на нашите членови, а после и на останатите вработени во Министерството. Ајде Министре Спасовски преземете барем еден разумен чекор, одблокирајте го незаконското незапирање на членарина и дозволете ние како Синдикат да се грижиме за здравјето на вработените бидејќи пред се тоа е наша обврска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.