Социјалистичката партија на Македонија, претчувстувајќи ги тешките предизвици што ќе следат, уште на почетокот на 2017 година ја понуди сеопфатната Платформа за заштита на македонските национални и државни интереси,
За жал изостанаа реакциите од политичките фактори, повеќето опседнати со обезбедување на собраниското мнозинство и испишување на одредени неразумни “гаранции”, со што тогаш не се исцртаа македонските црвени линии, информираат од СПМ.
Од СПМ уште велат:
Денес, веројатно во последниот обид за сочувување на македонската посебност и достоинство, со Резолуцијата се предлага преговорите со Бугарија да се водат на рамноправна основа, македонскиот јазик и идентитет да имаат свој просторен и временски континуитет, да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, македонскиот идентитет да го црпи својот легитимитет од повеќевековните традиции како и да се применуваат позитивните и општприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите нации за правотот на самоопределување.
Доколку за ДУИ Резолуцијата во предложената форма е неприфатлива и бара сите партии да го усогласат текстот и по него да се гласа, тогаш Социјалистичката партија на Македонија преку своите пратеници нема да го обезбеди тој замислен и лицемерен “консензус” и нема да прифати било какви условувања и уцени со некакви дополнувања или изоставувања во текстот, како што нема да биде дел од организираниот театар како дел од антимакедонското сценарио сред Собранието на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.