Кога на почетокот на март Заев рече буџетот ни е во одлична кондиција, напредуваме во секој поглед, и јас му верував, пишува во својата последна колумна Драган Павловиќ Латас.

После две недели изјави дека имаме буџетска дупка од две милијарди евра! И, сега сум збунет, како да му верувам? Да ти е страв Заев да те поздрави со среќен пат, одма паркирај, додека не те бацил некој камион по пат. Таков малер е човекот, пишува Латас.

Среќа, додава, што го има Филипче.

Тој за СДСМ бил Суперфилипче! Се борел со короната како херој од цртаните филмови на Марвел. За три месеци имаше над 100 прес конференции на кои кажува бројки, мислиш дека е Лото девојка што извлекува топчиња од бубањот. Тоа го направило славен меѓу народот. Повеќе и од Лото Маријана.

 

Па види друже, ниту еден министер за здравство во Европа не држеше сто прес конференции за време на епидемијава, само нашиов е алчен на камера до мерка која е опсесија. Како да е хипервентилиран. Он добро знае што значи тоа.

 

Па, спиеш ли мирно Суперфилипче?! Носиш ли на душа починати заради твојата неспособност. Викендов Македонија имаше убедливо најголем број заразени и починати во Европа според број на жители. Европски шампиони станавме! А Филипче – нивниот Суперфилипче, прв во Европа! Ако не по друго, власта на Заев во Европа се прослави по зараза и корупција, што не е лесно.

 

Штета што Заев и Суперфилипче не читаат, они само бројат. Да читаа ќе знаеа дека во Бреша, град најмногу погоден со заразата во Италија, ќе се води кривична постапка против министерот за здравство и кризниот штаб затоа што со лошо менаџирање предизвикале прекумерни, масовни зарази и смртни случаи, пишува Латас.

Целата колумна тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.