Несериозно е најавениот процес на масовна вакцинација да започне во среда. Во нормална држава ќе започнеше во 09:00 денеска, 1 час од кога со помпа беа пречекани вакцините, реагираат од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.
Срамота е што Србија вакцинира повеќе Македонци отколку ние за 1 и пол месец!
Срамота е да нема разработен акционен план, посебно што се знаеше кога ќе дојдат вакцините.Апелираме цело време за јасен и транспарентен акционен план. За јасна комуникација и лесно закажување за пациентите.
Срамота е што само за еден викенд има повеќе вакцинирани македонци во Србија отколку што со донираните вакцини кај нас се успеа за скоро 1,5 месец.
Срамота е што сè уште цела Македонија се вакцинира во Скопје.
Побарајте помош, тука сме, велат во својата реакција од АСМЛ.
⚠️Несериозно е најавениот процес на масовна вакцинација да започне во среда.
Во нормална држава ќе започнеше во 09:00…Posted by Асоцијација на специјализанти и млади лекари-АСМЛ on Sunday, 28 March 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.