Платени дежурства и надомест за здравствено осигурување добиваат специјализантите. Според Министерството, на овој начин оваа група на лекари дополнително се мотивира.
Со здравственото осигурување којашто процедура е во тек за првпат приватните специјализанти се здравствено осигурани што значи дека може бесплатно да се лекуваат во установите во коишто работат. Со најавените платени дежурства коишто треба да почнат од 1 јуни исто така за првпат специјализантите добиваат платени дежурства со што би сметала дека се подобрува статусот на специјализантите нормално и мотивираноста за работа заради тоа што дежурствата се 20/20 или 24 часовна работа. Во зависност од потребите на клиниката и во зависност од бројот на специјализантите коишто се на располагање на клиниката зависи и бројот на дежурства. Во овој период на Ковид криза бројот на специјализанти кои работеа на клиниките беше помал што значи дека бројот на дежурства се зголемуваше. Во изминатите месеци се случувало да имаме и по шест дежурства месечно тоа се 24 часовна работа – рече Симона Сапунџија, специјализант на Клиниката за уво, нос и грло.
Од Министерство информираат дека откако претходно специјализантите ќе пополнат изјава во ФЗО дека немаат други приходи освен надоместокот кој го добиваат од државата, ќе добијат надомест за здравствено осигурување.
Дополнително, на специјализантите ќе им се исплаќаат и надоместоци за дежурствата во нето износ од 1.800, 2.700 и 3.600 денари. Приватните специјализанти како учесници во давање здравствени услуги ќе добијат и 5 отсто бонус за борба против ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.