Заканата од масовно ширење на вирусот бара радикални мерки. Владата ќе предложи на Собранието да прогласи вонредна состојба. Иакое распуштено, постои уставна одредба дека претседателот на Македонија може да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски кој побара од претседателот Стево Пендаровски да прогласи вонредна сотојба.
Ова ќе биде за првпат да се воведе ваква мерка во историјата на Македонија.
Ништо веќе не е исто, животот радикално се промени како кај нас така и во целиот свет. Потребно е секој до нас да се прилагоди и да има крајно одговорно однесување. Ако сакаме да си ја заштитиме нацијата, сите мораме да се однесуваме одговорно. Политиканството да се остави за други времиња. За животите на нашите граѓани се работи. Ја прифативме најсериозно заканата и подготвивме многу мерки и одлуки за кои добивме признанија. Ќе ја совладаме заканата и заедно ќе излеземе посилни – рече техничкиот премиер Спасовски.
Тој нагласи дека Владата максимално е посветена да ја држи целата ситуација под контрола.
Имаме сериозни капацитети во институциите, тука сме да служиме на граѓаните и да го заштитиме здрајето на граѓаните и нашата држава. Предлагаме воведување вонредна состојба веднаш и осстануваме во комуникација со нашите пријатели во регионот и Европа за справуваење со оваа хуманитарна криза. Ќе направиме се за да го вратиме безбедното секојдневие на граѓаните од нашата земја. Да бидеме одговорни, ефикасни и пократко време да излеземе победници – рече техничкиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.