Носителот на листа во ИЕ 2, во вечерашната дебата на носителите на листи во ИЕ 2 го коментираше и потегот на ДУИ за кандидат за премиер и порача дека национализмот не е решение, а претседателот на СДСМ и иден мандатар Зоран Заев ја има поддршката од сите етнички заедници.

Изборите се за тоа да им дадеме на граѓаните да одлучуваат. Времето на наши, ваши, нема да донесе добро за никого. Ние успешно градиме едно општество за сите, со еднакви права и обврски. Тој кој ќе обезбеди мнозинство ќе ја формира Владата. Уцени условувања, не се решение. За нас мора да бидат важни сите и Македонци и Албанци и Турци и Срби итн. Ние имаме наш кандидат за премиер, тоа е Зоран Заев. Како партија покажавме дека сме мултиетничка партија и дека имаме потпретседатели Албанци и дека ставаме министри на позиции и дека имаме на директорски места Албанци и дека имаме поддршка од албанскиот електорат во државата и тоа не е спорно. Многу е лесно да излегувате со некакви концепти и при тоа да немате јасна визија како тоа да се реализира, рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.