Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Најавувам дека во следните 4 години ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5-6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес, порача во Чаир, Оливер Спасовски, носителот на листа во ИЕ 2 од коалицијата „Можеме“.
Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи, појасни Спасовски.
Рече и дека под водството на СДСМ ќе продолжи концептот за повеќе пари кај граѓаните, за поголем економски стандард на сите.
Минималната плата ја зголемивме на 14.500, а до крајот на мандатот ќе достине до 20.000 денари што е дури 120% повеќе од 9 илјади денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе расте и просечната плата – до крајот на мандатот да биде до 34.000 денари. Предвидуваме раст од најмалку 21 отсто на најниските пензии и минимална пензија од најмалку 10.700 денари до крајот на мандатот. ВМРО-ДПМНЕ беше против секое зголемување на платите и пензиите досега, истакна носителот на СДСМ.
Тој ги повика граѓаните да излезат да гласаат истакнувајќи ги разликите меѓу демократското и просперитетно владеење на СДСМ со режимот кој го креирал ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.