Владата нема интерес да не расчисти со криминалот, дури и кога станува збор за коалицискиот партнер ДУИ, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на гостување на 1 ТВ. Во отвореното студио Спасовски потврди дека не верува дека која било партија се плаши од расчистување со криминалот, дури и во своите редови, затоа што така се јакне демократијата во самите партии и се зголемува довербата кај граѓаните.

Политичките партии нема што да се плашат од расчистувањето со криминалот, па тој нека е и во сопствените редови. Така се јакне демократскиот капацитет и на самите политички партии. Така се зголемува и довербата на граѓаните во политичките партии.

Спасовски не смета дека има зголемување на криминалот во контекст на последните поголеми настани – упадот во Халк банка и бомбата во Мавровка.

Нема генерално зголемување на криминалот, наскоро ќе бидат објавени извештаите, напротив, има намалување.

За последните случаи, веќе се работи има доволно индиции, станува збор за коинциденција и се укажува дека е пресметка на криминални групи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.