Оливер Спасовски најверојатно ќе седне на 3ти јануари во фотелјата на Зоран Заев на Илинденска број 2. Планот за Мила Царовска, според неофицијалните информации е да остане во труд и социјала како дополнителен заменик министер. Ова било договорено на последната координација на најтесното партиско раководство на СДСМ, објави 24.мк
Сепак за да се официјализира треба да добие уште една виза во четврток. Клучната дилема е кој би бил дополнително заменик во МВР, но и дали ќе успее да го контрилира, како што велат во СДСМ, фаворитoт за технички минситер на Христијан Мицкоски во МВР. Со имиња не се лицитира за можни кандидати. Сепак велат профилот мора да е човек кој што ќе успее со поддршката на техничкиот премиер, да ја одржи контролата во МВР, односно најдобро човек од внатре кој знае како функционира минстерството.
Од друга страна според партсики извори за Царовска размислувањето било во насока да остане во минстертсвото за да го контролира новиот технички министер, особено во делот на испалти во социјалата. Освен за места кои според Пржинската валда мора да се сменат, премиерот во заминување дополнително ќе треба да одлучи што со местото на Кочо Анѓушев кој најави дека си оди од Владата. Се уште не е одлучено дали вицепремиерското место ќе остане празно, или пак новиот технички премиер ќе го пополни со нов кадар. Офицјално од СДСМ велат дека мора партијата да донесе конечна одлука. Нивниот лидер уште вчера порача дека в четврток СДСМ ќе пресече. Според партсики извори засега единствено е закажана нова координација на партискиот врв.
Консулатции, но само меѓу најдоверливите луѓе на Христијан Мицкоски. Според информациите конечната одлука кој ќе седне во минитерскато столче во МВР, труд и социјална, но и заменичкото и во финансии и земјоделство велат ќе се пресече до крај на следната недела. Она што според партсики извори во ВМРО-ДПМНЕ – е фикјсно е дека членот на ИК Цветан Трипуновски предизборно ќе му дише во врат на Трајан Димковски во земјоделство. За останатите позиции велат се прават анализи. Трајко Славевски според партиски извори се смета за идеално решение за во финансии, но велат тешко дека би се согласил со неговиот багаж да биде дополнителен заменик на Нина Ангеловска. Мицкоски треба да го пополни и дополнителното место во инфорамтичко општество. Најпримамливото место во МВР, го посакуваат многумина во опзицијата, но кој ќе го добие во моментов од опозициајта велат дека знае еднинствено лидерот. Во јавноста се вртат имињата на пратеникот Антонио Милошоски, на членот на ИК Орце Георгиевски, кој што е најгласен во критиките кон Спсовски и МВР, но и на дел од најдоверливите луѓе на Мицкоски. Официјално и оттаму велат дека воопшто не се ни почнати разговорите на тема техничка влада.
ВМРО-ДПМНЕ се уште разгледува имиња и предлози за кадри во Техничката Влада, со тоа што веднаш штом поминат низ партиските тела, ќе ги обзнаниме во втората половина на месецот.
Според правилата кои после пржино влегоа во законот за Влада премиерот во заминување си оди 100 дена пред избори, а новите техничи минитри и дополнителните заменици имаат ограничени надлежности, но и врзани потпси со функционерот од друга партија. Доколку има пробелми надлежна е ДИК и Управниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.