Со заеднички сили, со упорност и верба, со нашата непоколебливост и сплотеност ќе ја урнеме досегашната власт, која во изминатите години работеше само за одреден број на луѓе, лојална и фаворизирана клиентела и привилегирани поединци. Ги знаеме ветувањата, знаеме што направија, односно не направија во изминатите години – истакна Борче Спасовски, кандидат за градоначалник на општина Ранковце на митингот.

Спасовски додаде дека тој како иден градоначалник ќе се залага и неуморно ќе работи на подобрување на сите стандарди за поквалитетен и подостоинствен живот во Ранковце.

Се обврзувам дека конечно ќе го изградиме водоводниот систем во с. Псача кој го ветуваа, а не го изградија изминативе години. Ветувам нови захвати за вода во Биљино и Пклиште за селата Радибуш, Гиновце, Ранковце и Отошница. Ќе ја изградиме канализационата мрежа во Љубинце, Опила и дел од Псача – вети Спасовски.

Спасовски посочи дека тековно и квалитетно ќе има одржување на сите постоечки водоводни и канализациони мрежи на територијата на општина Ранковце и нивно редовно и навремено сервисирање и одржување.

Во делот на инфраструктурата ќе се посветиме на изградба на локалните патишта во селата: Петралица, Баратлија, Псача, Гиновце, Ранковце и другите населени места. За младите и најмалите ќе изградиме повеќе наменско игралиште и мини парк во с. Ранковце, како и игралишта за спорт и рекреација во другите населени места, а за најмалите градинка во с. Ранковце – појасни Спасовски.

Спасовски вети дека ќе се преземат и мерки за реновирање и опремување на амбулантата во с. Ранковце и создавање услови за работење на истата за потребите на граѓаните на Ранковце.

Моето име, работа мојот успешен бизнис и изградено име и бренд, посакувам и се надевам дека за вас ќе биде мотив да го дадете својот глас за мене, за ВМРО-ДПМНЕ, за иднината на Ранковце, за промени, проекти и победи во Ранковце, гласајте за број 7, добитен број, седумка и нема да згрешите – нагласи Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.