Со СДСМ и Георгиевски продолжува развојот на Охрид, ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда, рече во неделата министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на таканаречената „средба со граѓани“ во Охрид.
Разговаравме за повеќе актуелни теми на локално и на централно ниво – СДСМ и на овие локални избори е изразит фаворит, и овде во Охрид но и низ целата држава. Тоа го покажуваат сите релевантни анкети кои покажуваат дека ја имаме довербата од граѓаните, а довербата ја имаме затоа што сработевме многу во овие четири години, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда која граѓаните ја препознаваат, пренесе Спасовски.
Ова само потврдува дека Спасовски на партиската промоција присуствувал во својство на висок претставник од СДСМ, а не како министер од македонската влада. Иако, како што многупати се правдал, партиските задачи ги извршува после работното време, во случајот во недела, сепак, тоа не е оправдување што ги користи службените возила, во случајот „ауди Q7“ и полициска „шкода“ за пратење.
Напротив, тоа е спротивно на Законот за организација и работа на органите на државната управа:
Ова не е првпат функционерите од СДСМ да ги користат државните возила за приватни или партиски цели, напротив, е појава која најизразена е пред изборите и изборната кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.