Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски кој на денешниот партиски конгрес е реизбран за уште еден мандат, на својот фејсбук профил се заблагодари за довербата што му ја укажа лидерот Зоран Заев.
Спасовски воедно им го честита изборот на Лукаревска за заменик претседател на партијата, како и на своите колеги Битиќи, Царовска и Филипче за потпретседатели.
-Благодарност за дадената доверба од страна на претседателот Зоран Заев за уште еден мандат како потпретседател на #СДСМ. Честитки до Сања Лукаревска, Фатмир Битиќи, Мила Царовска и Венко Филипче, им посакувам многу успеси и заеднички победи. Како раководство на СДСМ, се обврзуваме на нови политики, со максимум од себе да ја оправдаме довербата и со чесност и професионалност да одговориме на секој предизвик, во интерес на граѓаните и државата, така како што доликува на најдемократската и најпрогресивна партија во нашата држава, наведува Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.