На денешната координативна седница што ја организираше Спасовски сите пристуни се согласиле дека здравјето на граѓаните е пред се.
Здравјето на граѓаните е најважно, нема ништо поважно од нашите деца и животот на секој од нас“ рече Спасовски.
Засега нема потреба за свикување на Парламентот, но ако здравјето на граѓаните е во прашање ниту една опција не е исклучена, рече техничкиот премиер.
Во одговор на новинарско прашање тој рече дека на лидерската средба не се разговарало за датумот на изборите, туку за прилагодување на кампањата кон препораките од Министерството за здравство.
Тој упати апел на социјалните мрежи да не споделуваат, односно да не шират лажни и непроверени вести и да создаваат паника.
Се согласивме дека постојано ќе апелираме до сите да се повикуваат на податоците од надлежните институции“ рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.