Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за ТВ21 изјави дека МВР има индиции каде се наоѓа преостанатата марихуана која беше украдена од с. Јосифово. МВР откри само 230 килограми од 2 тони.
„Тоа беше добра и голема акција која ја спроведовме, и покажа дека имаме нулта толеранција кон вакви активности. Истрагата се проширува и е во тек. Сега не би сакал дополнителни детали да изнесуваме, постојат уште многу информации, многу индиции кои ќе ја заокружат приказната и ќе го заокружат до крај процесот. Важно е дека влезено во трага на криминалците, но тука има вклучување на други лица, истрагата до крај ќе ги покаже сите аспекти. Ова е само дел од акцијата“, изјави Спасовски.
Спасовски на прашањето дали МВР има сознание каде е другата количина, одговори: „Еден дел од таа дрога е пронајдена во Арачиново. Имаме индиции каде е останатата количина“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.