Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, имаше средба со Амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Александрович Баздникин со придружна делегација.

Ккао што соопштија од МВР, на средбата се разговарало за унапредувањето на меѓусебната билатерална соработка, при што од руската страна се заблагодариле за пружената поддршка при организацијата на руските избори и пружањето на можноста руските државјани во нашата земја да го остварат своето право на глас.

Амбасадорот посочи дека персоналот на Амбасадата на Руската Федерација целосно се придржува до законите и прописите во нашата земја и ќе продолжи со истото и во иднина – се наведува во соопштението од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.