Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Косово во Македонија Ѓерѓ Дедај, на која амбасадорот се заблагодари за поддршката што МВР ја дава на Амбасадата и на Министерството за внатрешни работи на Република Косово особено на државјаните на Косово, посебно за солидарноста изразена преку различни форми, со акцент на хуманитарниот елемент и професионалното однесување на полициските службеници.
Како што соопшти МВР, амбасадорот Дедај ја истакна извонредната соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи на двете држави што би требало да се продлабочи и интензивира, потврдувајќи ја и во оваа прилика поддршката на Косово за Македонија во делот на започнување на преговорите со ЕУ, со надеж дека процесот ќе се одвива во добра насока и покрај пречките што постојат на патот.
Министерот Спасовски рече дека еден од приоритетите на Владата, но и на Министерството е воспоставување пријателска соработка со соседните земји и со земјите во регионот.
-Одличната соработка што двете министерства ја имаат е резултат на веќе потпишаните договори и протоколи кои уредуваат голем дел од областите на внатрешната безбедност, но дека Министерството и во иднина е отворено за продлабочување на соработка во иднина, стои во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.