Владата прави детален протокол како ќе се одвива кампањата на политичките партии на терен, но и како ќе спроведат изборите на денот на гласањето, најави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој присустваше на увид на градежните работи во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш.

Главно во сите протоколи е дистанцата и носењето на заштитната опрема и тоа е многу важно ако сакаме да ја одржиме состојбата, ваква каква што ја имаме, да имаме тенденција на намалување на инфицираните и од тој аспект ќе биде подготвен детален протокол, како да се однесуваат политичките субјекти, во текот на изборната кампања и за самиот ден на изборите, изјави Спасовски.

Спасовски очекува партиите веќе наредната недела да го утврдат и датумот на предвремените парламентарни избори.

Прашан доколку продолжат во континуитет исти бројки на заболени од коронавирус и во наредниот период, дали СДСМ ќе остане на истиот став за брзи избори, Спасовски со одговор дека и како Влада и како партија имаат став дека приоритет им е здравјето на граѓаните, и како што рече така се однесувале во текот на минатите месеци и се преземени низа на мерки, со цел да има помал број на заразени граѓани.

Епидемиолошката проценка е дека наесен можеме да имаме нов повратен бран на забалени и инфицирање од Ковид 19. Така да тука треба да се гради стратегијата во делот на одржувањето на изборите, изјави Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.