Извештајот на Европската комисија во кој се констатира значаен напредок на Република Македонија во утврдените реформски области е добра најава за почеток на преговорите на Европската Унија со земјата, беше оценето на средбата на премиерот Оливер Спасовски со делегацијата на Министерството за надворешни и европски работи на Република Хрватска, предводена од министерот Гордан Грлиќ Радман.
Како што соопшти владината прес-служба, Спасовски истакна дека посетата на хрватската делегација на нашата земја токму на денот на извештајот е израз на големата поддршка што Република Хрватска ѝ ја дава на Македонија за цело време на процесот на интеграциите во Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.