Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски попладнево се пофали со акција
во која е уапсен негов близок и командир на полициска станица и возач на член на
кланот Заеви.
Зошто Спасовски се пофали за акцијата, кога според информации од истрагата, целата
операција во соработка со американската агенција за борба со наркотици -ДЕА, ја водело обвинителството за организиран Криминал, односно Вилма Русковска.
Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против
наркотици – ДЕА, запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник. Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот – напиша Спасовски.
Притоа, во информацијата, Спасовски „заборави“ да го спомене уапсениот возач на важен член на кланот Заеви и улогата на ЈООК и обвинителката Русковска.
На една од фотографиите што денеска по апсењето се појави во јавноста се гледа како Спасовски шета со еден од уапсените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.