Вечерва во „Клик Плус“ во студиото на ТВ21, дебатираме со Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи. Зборуваме на актуелни политички теми, а во првиот дел од магазинот стана збор за СДСМ и промените кои се случија во партијата со изборот на нов претседател Димитар Ковачевски.

Спасовски смета дека СДСМ не е премногу ослабена партија, но смета дека нешто во партијата треба да се промени.

„Јас сум 27 години член на СДСМ, и растев и се градев и се развивав низ оваа партија, и за мене е најважно што ќе се случува со СДСМ. А една од причините е секогаш кога СДСМ е силна, има напредок и просперитет за државата, и обратно, секогаш кога СДСМ е слаба, нема напредок.

Ако погледнеме низ призмата на локалните избори, не гледам дека СДСМ е премногу ослабена како партија. Но дали треба нешто да се поправи во структурата? Да, треба… Дали треба да се смени нешто во политиките? Секако дека да… Тоа треба да биде основата на делување, и не е доволна само промената на луѓето во партијата, но важно е колку ќе се потрудите да имате понуда за граѓаните“, рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.