Арачиново во времето на СДСМ не ја доби ветената канализација, но по три години на власт, власта повторно се сети на Арачиново за време на избори. Со ветување за една милијарда евра странски инвестиции и победа за сигурна иднина СДСМ овојпат ќе граба пратенички мандати додека по улиците по кои се слеваат фекалии за партиски потреби фрчат пасати, бе-ем-веа, мерцедеси, ровери… и тоа сите државни.
Корисници на социјалните мрежи споделуваат видеа од пристигнувањето на Спасовски, Зекири и кандидатот за пратеник од Беса Бастри Бајрами во Арачиново на кои се гледа дека техничкиот премиер Оливер Спасовски за партиски потреби користи државни возила.
Не е првпат во оваа предизборна кампања власта да ги злоупотребува државните резурси за партиски потреби иако Антикорупциска комисија предупреди дека за потребите на изборната кампања забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.