Техничкиот премиер Оливер Спасовски од Попова Шапка денеска апелираше да се пласираат вистински информации околу состојбата, превенцијата или евентуалното справување со коронавирусот.
Многу важно е да има вистински информации, да се пласираат, апелирам во однос на овие случаи на евентуална појава на коронавирус да се земаат информации од официјални институции, Министертвото за здравство и крзниот штаб. Тие имаат задача да ја информираат јавноста целодневно неколку пати. Одговорност треба да покажат сите. Тоа е нешто сите не засега и не загрижува, истакна Спасовски.
Според него иснтитуциите на системот функционираат во полн капацитет.
Кризниот штаб што го раководи министерот за здравство ги има направено сите мерки за подготовка за евентуално откривање некаков случај. Посакуваме да не се случи. Превентивни мерки се преземени, рече техничкиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.