Потребна е вонредна состојба на цела територија, сега и веднаш, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој побара од Собранието на Македонија да прогласи вонредна состојба.
На денешната седница донесовме одлука да предложиме воведување вонредна состојба на територијата на нашата држава. Мерките што се донеса досега ги дадоа очекуваните резултати, но тие мерки сега треба да се засилат, за да спречиме пик на вирусот. Убедени сме дека можеме да спречиме ескалација со воведување на вонредна состојба. Владата одржа седница и донесе одлука да му предложи на Собранието да воведе вонредна состојба. Тоа е распуштено, но постои уставна одредба дека претседателот има овластување да прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена. Ова ќе биде за првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата држава и ова е мерка која претставува најтешката одлука која ја донела било која влада досега, рече техничкиот премиер Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.