Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утринава изрази сочуство до семејствата на загинатите во пожарот во Тетово, кој ја зафати модуларната болница. Тој најави брзо разрешување на случајот.

Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите во пожарот во тетовскиот Ковид Центар и посакувам брзо закрепнување на повредените. Посветени сме на брзо разрешување на оваа ситуација, напиша Спасовски на „Фејсбук“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.