Постигнатиот договор меѓу лидерите на политичките партии предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули е од исклучителен интерес за граѓаните и за перспективите на нашата земја. Тоа е првиот чекор кон организацијата на инклузивни, фер и демократски избори по примерот на европските искуства кои треба да станат наша редовна пракса во иднина, напиша техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.
Според Спасовски, Владата ќе ги обезбеди сите неопходни услови и во оваа кризна ситуација заради КОВИД-19 институциите да подготват и реализираат безбеден изборен процес од здравствен аспект.
Ги уверувам граѓаните на нашата земја дека своето избирачко право ќе го остварат во безбедни услови, наведува Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.