– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски интерпелацијата за неговата работа поднесена од пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива ја оцени како чудна затоа што, како што кажа, е поднесена заради успех во една акција, а не неуспех. Обраќањето на говорницата тој го искористи за да ги истакне, според него, успесите во работата на Министерството за внатрешни работи на чие чело се наоѓа.

-Имено – Сашо Мијалков е во затвор, таму каде што му е местото, и на него и на голем број поранешни функционери – криминалци, кои бескрупулозно крадеа од народот наместо да работат за она за што се избрани. Истиот Мијалков, на кого името се плашевте да му го спомнете, со години наназад. А сега гледаме како се зголемува  бројот на години што ќе треба да ги одлежи. Каква иронија –  идолот и идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков е во затвор, а опозицијата поднесува интерпелација за министерот за внатрешни работи?! Оваа интерпелација, во суштина,претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата, и затоа е, во најмала рака, чудна, рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.