Има повеќе барања за прогласување на карантин не само од Куманово, туку и од други градови од државата, но одлуките се носат врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и епидемиолозите, порача денеска премиерот Оливер Спасовски, кој заедно со вицепремиерот Бујар Османи и министри присуствуваа на денешната 31 седница на Општинскиот кризен штаб Куманово.

-Сите мерки што беа донесени се мерки врз основа на тие препораки, заради тоа што сметаме дека како Влада мораме пред се да ја слушнеме струката, тоа што го кажуваат лекарите, тоа што е најефикасно и во кој момент тоа треба да го правиме, да го направиме заеднички, изјави премиерот, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе се прогласи карантин за Куманово, барање кое го упатува Општинскиот кризен штаб



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.