Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше прес-конференција за буџетот на неговото министерство за следната година и по излагањето, одбиваше да одговори на прашања поврзани со автобуската несреќа со 45 загинати од пред три дена.

На сите прашања на новинарите за несреќата, тој не сакаше да зборува, повторувајќи дека ќе има посебна прес-конференција за случајот, на која ќе говорел и тој, а денеска ќе одговарал само за прашања во врска со, како што кажа неколку пати, граѓанскиот буџет на МВР.
САКАМДАКАЖАМ.МК провери во Влада кога ќе биде таа прес-конференција за автобуската несреќа и добивме одговор дека ќе бидеме навремено информирани.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.