Оливер Спасовски од СДСМ порача дека Концептот „Македонија – Едно општество за сите“, нема алтернатива и дека е доста е со национализми и со делби.

– Никој не смее да уценува. Владата се прави врз основа на принципи и програми. Нема концепт за размена на пратеници, ова беше синтагма колку ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби на изборите. Никој не може да забележи на СДСМ за еднаквиот третман кон сите. Треба да дојде квалитетот до израз и одлуката на граѓаните и врз основа на тоа ќе седнеме да разговараме за составот на новата Влада. Но, за нас уцена не е прифатлива, изјави Спасовски во дебатата на ТВ Телма



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.