Нема одлуки за нови рестрикции на движење на граѓаните по вчерашното воведување на вонредната состојба во нашата земја – рече на денешната прес конференција, техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Тој додаде дека мерките за ограничување на движењето остануваат во сила во Дебар и Центар Жупа.

Спасовски апелираше да се почитуваат веќе донесените владини мерки за превенција од ширењето на коронавирусот, додавајќи дека за сите нови одлуки граѓаните ќе бидат информирани на дневна основа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.