Не се сите свесни што може да прават. Да изнајмуваат вили во Сопиште и Соње и таму да прват журки, тоа не може да биде дозволено во иднина. Нема собири, тоа е загрозување на здравствениот систем. Треба сите да се ставиме во поинаков режим на функционирање, изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој побара да се прогласи вонредна состојба во државата поради коронавирусот.
Дали ќе биде воведен полициски час зависи од тоа колку се почитуваат препораките од Владата, изјави Спасовски и на прашањето што ќе значи за граѓаните воведувањето вонредна состојба во државата објасни дека е можно зајакнување на мерките во зависност од состојбата со коронавирусот.
Што ќе се случува во вонредната состојба зависи од поведението на граѓаните, од сите нас и од тоа колку ги почитуваме препораките на Владата. Ќе зависи и од состојбата со ширењето на коронавирусот во државата. Однапред не е дефиниранодека ‘сега ќе имаме полициски час‘. Повикувам сите да бидеме на висина на сопствената одговорност“, рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.