Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски,, вели дека се преземат сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности коишто би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба.

Спасовски вели дека во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата.

Ова е сериозен предизвик и предизвик којшто не е сега и нема да заврши, туку предизвик којшто стои пред нас и токму заради тоа сите надлежни органи и МВР и Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање преземеме сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности коишто би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба. Сега во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата. На највисоко ниво постапуваат сите единици во составот на МВР и сите агенции. Впрочем, неодамна лажните пријавувања за терористички акти покажаа на колкаво ниво е подготвеноста на македонската полиција и на агенциите во однос на справувањето со ваков предизвик – изјави Спасовски.

Во однос на ресоцијализацијата и реинтеграцијата на повратниците од боиштата во странство, Спасовски вели дека тоа е многу важен процес, исто како што е важно и кривично да одговараат оние коишто направиле вакви престапи.

Меѓутоа, и оние лица коишто има услови да се радикализираат или биле радикализирани е важно да се вратат, да се ресоцијализираат и реинтегрираат. Тоа се прави преку програми коишто ги развива Националниот комитет за борба против насилниот екстремизам и тероризам. Тоа е како политика на Влада поставено на највисоко ниво од 2017 година до денеска. Секако дека ние како орган којшто работи пред се, на репресивното постапување заедно со агенциите и за националната безбедност и за разузнавање ги преземаме сите мерки согласно нашите стандардно оперативни процедури по коишто се работи. За оние коишто се наоѓаат на воените жаришта знаете дека неколку пати се правеше репатриација, се враќаа тука. За сите за коишто се обезбедени докази ќе бидат изведени пред суд. Меѓутоа има и наши граѓани коишто се наоѓаат таму, претежно жени и деца, кои беа овде донесени и тие подлежат на еден систем на ресоцијализација и репатриација – изјави Спасовски.

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз, којашто го придружуваше Спасовски во посета на полицикста станица во Ѓорче Петров, изјави дека што се однесува до повратниците терористи од странски боишта во земјава, тоа е комплициран и тежок процес и е важно фокусот да биде ставен на реинтеграцијата. Таа посочи дека меѓу двете влади се одржува редовна комуникација во однос на ова прашање.

Имаме редовни консултации по однос на ова. САД се посветени не само како партнери во НАТО, туку и на билатерален план да продолжиме да работиме на јакнење на капацитетите. Дел од тие напори се преку ИЦИТАП (Меѓународната програма за поддршка во обука во доменот на кривичните истраги) за да бидеме сигурни дека полициските службеници ја добиваат најдобрата можна обука, како и иследниците со цел да биде појасно како да ги користат доказите од бојното поле при кривични истраги против терористи повратници во своите земји. И да бидеме сигурни дека социјалните програми кои се применуваат за поддршка на семејствата кои се засегнати да ја добијат потребната помош за нивна ресоцијализација и закрепнување – вели амбасадорката Брнз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.