Според техничкиот премиер Оливер Спасовски нема дискриминација секој може да патува надвор под државата, а новинарите правеле тема од нешто каде што нема место за тема.

Вчера владата донесе одлука да се дозволи избраните и именуваните лица да патуваат во странство, но по нивното враќање, да не бидат спроведени во задолжителен државен карантин.

Никаква одлука нема дека наши државјани не можат да ја напуштат земјата и мислам дека со ова сакате да ја дезинформирате јавноста и да првите тема од нешто каде што нема за тема. Одлуката е за изготвување протоколи за да можат функционерите да патуваат, пред сѐ за одредени настани во регионот кои што ќе се однесуваат на коронавирусот“, одговори Спасовски на новинарско прашање.

Тој објаснуваше дека постои посебен протокол, што значи каква заштитна опрема треба да носат функционерите при излегувањето, во текот на престојот таму и при враќањето.

„Има одредени протоколи што се треба да се направи за да може да не бидат во државен карантин, бидејќи одредени функции треба да се вршат и после враќањето дома“, вели Спасовски.

Тој демантираше дека има дискриминација на обичните граѓани, изјавувајќи дека секој може да патува надвор од државата и порачувајќи дека „приказни може да си правиме какви сакаме, фактичка состојба се одлуките“.

Одлуката, како што рече Спасовски, е донесена врз основа на анализи во Комисијата за заразни болести, дополнувајќи дека според епидемиолозите, има осцилации кои се нормална појава при крајот на епидемијата, а ние влегуваме во 11-12 недела од почетокот епидемијата, но „треба да бидеме одговорни и во однос на маските и на дистанцата и да се придржуваме на мерките“.

Вчера на прес-конференција по седницата на Владата Спасовски соопшти дека државните функционери, при патувањето ќе треба да го почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести.

Владата заклучи дека може да се дозволи патување во странство на избрани и именувани лица во странски држави со почитување на препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, за одржување на потребно растојание, носење на лична заштитна опрема. Заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за ковид-19, како и поради други итни причини кои не трпат одлагање без спроведување на овие лица во државен карантин, по нивното враќање во државата“, рече Спасовски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.