Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски на фејсбук го честиташе празникот 11 Октомври.

Денеска во чест на 79 години од Денот на народното востание, како дел од делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министрите Јагода Шахпаска, Благој Бочварски и Насер Нуредини, положивме цвеќе пред Спомен-Костурницата во Куманово, да им оддадеме почит на оние кои го положиле животот во борбата против фашизмот за да можеме да живееме во своја, слободна и демократска држава. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, СЕКОГАШ СЛОБОДНИ!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.