Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи вечерва од студиото на ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“, покрај другите актуелни политички теми, коментираше и за одлуката за укинување на притворот на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.
Спасовски кажа дека не бил изненаден од одлуката, и дека неколку пати веќе реагирал за начинот на кој функционира судството и обвинителството.
Не би ги коментирал судските одлуки, и тоа не е добро. Секоја одлука може да биде добра или лоша. Дали ме изненади? Ќе кажам дека не ме изненади. Македонската јавност е сведок колку пати имам јавно реагирано за начинот на кој функционира судството и обвинителството. Ние мора да создадеме систем кој ќе биде праведен, кој ќе продуцира одлуки пред кои ќе бидат еднакви сите, и не смееме во ниту еден момент да си дозволиме луксуз одлуките да не бидат транспаренти и да бидат селективни. Затоа што тука станува збор за висока корупција, злоупотреба на службена положба, и тие никако не смеат да бидат повластени визави обични луѓе кои не можат да понудат милионски суми за кауција, рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.