На прашање дали на изборите ќе гласа и дијаспората, техничкиот премиер Спасовски одговори дека патувањата надвор од државата се меѓу најголемите предизвици за секоја држава зашто се најголем ризик за ширење на инфекцијата.
Тој потсети дека поради заканата што ја носат патувањата била и одлуката на Владата за државен карантин за сите што се враќаат од која било земја од светот со цел да се заштити населението од ширење на КОВИД-19.
– За патувањата треба посебни протоколи. А дали ќе треба да се овозможи гласање на дијаспората, тоа е овозможено според Изборниот законик доколку се исполнат условите што стојат во него. Тоа е предвидено и во изборните дејствија и мислам дека е сосема јасно на кој начин ќе се одвиваат изборите – и овде и надвор од државата, рече Спасовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.