На владина седница ќе се разговара дали ќе биде воведен 14 дневен карантин за Куманово –  кажа техничкиот премиер Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Големината на градот, опкружувањето, околината и регионот што го опфаќа и најважно ефектите што ќе ги дадат овие мерки, тоа ќе биде основата за носење на овие мерки – рече техничкиот премиер Спасовски во однос на можниот карантин за Куманово.

На новинарско прашање за почетокот на преговорите со ЕУ, а во врска со ставот на Бугарија за малцинството и македонскиот јазик, премиерот Спасовски одговори дека се наоѓаме во период на подготовка на заедничка седница за одлагање на почеток на преговорите и се усогласува преговарачката рамка и веројатно секако и за овие теми за Бугарија, Владата ќе се усогласи.

Сепак сметам дека имаме потпишано Договор за добрососедство и пријателство и тоа ќе биде основата на која ќе разговараме помеѓу двете влади и надвор од тој дговор нема да се излезе и во рамки на преговорите со ЕУ – рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.