Овде во Арачиново, покажавме дека е можен и соживот и грижа за сите и денес најавувам уште повеќе инвестиции за рамномерен регионален развој и со тоа и нови работни места и повисоки плати и пензии за сите, во брзата трансформација на економијата што следува, рече носителот на СДСМ во ИЕ 2, Оливер Спасовски.
Арачиново за прв пат добива градинка, ќе ја добие првата градинка, за којашто заокружувањето на проектната документација е во завршна фаза. Општина – голема како Арачиново години и децении била оставена без детска градинка! А ние, во државава – за само три години инвестиравме во градба и реконструкција на 44 градинки и определни се нови 15 милиони евра за заокружување на 70 новоизградени објекти за градинки. Градиме и канализационен систем долг над 10 километри (10.1) во Арачиново, што е во тек и инвестираме 106 милиони денари. За изградба и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, само во општините во ИЕ 2 вложивме 814 милиони 441 илјада 489 денари. Интензивно работиме на локалната инфраструктура во целата држава и сме во фаза на отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации. Ниту еден капитален проект не дозволивме да запре за време на здравстено-економската криза и продолжуваме и уште повеќе и уште подобро, со цел 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата во следниот мандат, повисоки пензии и нови работни места. Ние ги насочуваме пари кон граѓаните и се грижиме за сите – на дело. Режимот на Груевски обновен во Мицкоски знае само за поделби и насочува пари само во сопствени џебови. Затоа на овие избори ќе ја оставиме ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, прво самите себе да се обноват. И на овие избори, на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ќе им се придружи и ДУИ, бидејки по 17 години власт немаат што да им кажат на граѓаните и затоа излегуваат со обновен национализам, истакна Спасовски.
Режимот и национализмот ги оставивме во мрачните времиња на минатото – тие се опасност, а ние продолжуваме заедно, во сигурна иднина, по правиот пат бидејки Можеме, бидејки покажавме дека можеме а во наредниот период можеме уште повеќе и уште подобро, додава тој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.