Спасовски наместо да пушти хеликоптер за некој од скоро 4.000 починати од КОВИД 19, кои ја изгубија битката со оваа болест, често и заради задоцнето примање во болница, тој го претвори хеликоптерот од МВР во такси на Заев. Хеликоптерот не летна ниту еднаш за ниту еден ризичен случај, но лета за Заев и Филипче, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Смешни се обидите на Заев за вадење од калта во која сам потона. Доколку хеликоптерот на МВР е поефтино превознк средство од автомобилите, тогаш очекуваме тој веднаш да биде ставен на располагање на болниците низ државата, и да транспортира пациенти, наместо владини функционери. Доколку не е поефтин, што е и реалноста, Спасовски да каже колку ја чинеше државата летањето на Заев? Дали летањето на Заев чинеше 1.000.000 денари? И зошто тие пари наместо во борба против пандемијата се потрошија за хирот на Заев?“ – се наведува во нивното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.