Два дена по рафалните пукотници пред штабовите на ДУИ нема никаква реакција од МВР. Досега срмежливо со изјава излезе премиерот Заев во стил дека тоа не е убаво.
Молчи и најповиканиот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој очигледно мора да ги толерира глупостите на ДУИ бидејќи од нивните гласачи во Сарај, Грчец и Кондово ги очекуваат гласовите за градоначалник на Скопје.
Денеска со реакција излезе и ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека криминалната коалиција ги живее последните денови.
Од партијата посочуваат дека криминалната коалиција СДСМ – ДУИ е во паника, и затоа се и пукањата по митинзи на СДСМ. Знаат дека ќе загубат и ги фаќа паника.
-Спасовски наместо да молчи да постапи по закон и да ги открие извршителите, тоа е кривично дело казниво по закон. Истовремено ги повикуваме и меѓународните претставници да ги следат овие акти на примитивизам и дивјаштво, кои се се само не демократски. СДСМ и ДУИ знаат дека ќе го изгубат Чаир, а ќе го изгубат и Скопје, причините заради кои ја формираа коалицијата. Затоа се во паника.Во ист контекст се и заканите на Арафат Муареми во Сопиште, каде се заканува со инспекции и истраги, а тоа веќе претходно истиот го направи во Петровец, каде неосновано го шиканира Борче Митевски, се наведува во соопштението на партијата.
Самоволитето на ДУИ покрај со пукање се манифестира и со закани кон политичките противници. Предничи директорот на Финаниската полиција кој беше фатен како јавно се заканува дека ќе прати инспекција во Сопиште, општина во која градоначалник е од ВМРО-ДПМНЕ, а закани имаа и за граодоначалникот на Петровец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.