По изборот на новиот претседател на СДСМ, ставот на нинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е дека претседателот на партијата треба да биде и премиер, заради тоа што, како што вели, првиот човек на партијата ја има и најголемата одговорност во носењето на одлуките и најдобро може да се носат одлуките што се базираат на исти вредности и во партијата и во владата.

Спасовски очекува посилен и пообединет Социјалдемократски сојуз, а тоа, според него, ќе значи и наметнување нов начин во водењето на партијата, поуспешен од тоа што бил досега.

Тој истакнува дека имало исклучително добро водство од страна на претседателот Зоран Заев и дека е направено многу за партијата и за државата.

Многу храбро и многу визионерски одлуки коишто се донесоа и мене ми е и чест и гордост што бев дел од тоа раководство и бев еден од соработниците на претседателот Зоран Заев. Меѓутоа, со не помала верба и во новиот претседател Ковачевски во неговите мудри одлуки за тоа кој ќе биде дел од раководството, кои ќе бидат приоритетите во овој момент за да продолжиме уште посилно. Секако дека најважно ќе биде единството. Најважно ќе биде колку секој од нас ќе даде поддршка во напредокот на партијата – вели Спасовски во интервју за МИА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.