Носителот на листата од ИЕ 2 од СДСМ, Оливер Спасовски, рече дека со право порачуваат дека ќе победат, нудејќи мултиетнички концепт кој ќе продолжи да се развива. Тој ја побара поддршката од граѓаните, бидејќи патот што веќе е поставен значи сигурност, обезбедена преку работа, постигнати добри односи со соседите, зацврстени пријателствата во регионот, поставена е земјата на евроатлантскиот пат.
– Денес, по 30-децениски надежи и очекувања, членството во НАТО е реалност. Република Македонија е рамноправна членка во НАТО. Денес, по 15 години од добиениот кандидатски статус за ЕУ, Република Македонија има одлука од Европската унија за почеток на преговорите. Во услови кога решававме стратешки прашања за да го осигураме членството на нашата држава во НАТО и ЕУ, ја покренавме економијата, рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.