Оливер Спасовски во време на своето министерување само успеа да направи коалиција со криминалот и подземјето, обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во „Економски магазин“ на Алсат-М.
Ако навистина беше потреба промена на систематизацијата, немаше со себе Оливер Спасовски да си земе 25 возила кои им припаѓаат на граѓаните. Човекот кому најголемо достигнување му беше да го покаже во јавноста она на М изгребано од мачки. А во државата во која цути криминалот, човекот кој прв направи коалиција со криминалот, зборува за возилата, зборува за безбедноста, истакна Мицкоски.
Мицкоски потсети дека никој од Спасовски не барал да направи промени во систематизацијата и срамота е четири дена пред примопредавање на кабинетот да изврши промена на систематизацијата.
На што личи на четири дена пред да речеме да се примопредаде кабинетот на министерството за внатрешни работи да се менува систематизацијата и да се доделуваат стотици решенија на луѓе кои што во тоа време се прогласени за неподобни на оваа власт. На што личи? Значи не се тие оценети како непрофесионални, згрешиле при работењето, згрешиле во службата туку едноставно се оценети дека се неподобни за СДСМ. И се даваат решенија не знам од Македонски Брод за Дебар, од Дебар во Струмица, од Струмица во Струга, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека за сите неправилности и неправди на Спасовски сведочат луѓето кои работат во МВР.
Едноставно техничкиот министер само вели луѓе ако навистина требало оваа систематизација, а не гледам причина зошто би требала, ниту некој го бара тоа од нас, ниту такви реформи се бараат од нас. Тоа можело да се направи многу порано. Сега е период на техничка влада едноставно сакам работите да ги работам како што треба, образложи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.