Организиравме здравствено – безбедни, мирни, фер, слободни и демократски, европски избори, како што и доликува на една држава којашто е на чекор до почеток на преговорите со Европската унија, порача техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес конференција.

Според него, изборите ќе влезат во демократската меморија на земјата, преку коишто, како што вели, покажавме како навистина се сака својата земја, како се чуваат постигнувањата, како се обезбедуваат нови аргументи за интеграциските перспективи на земјата.

Спасовски повика ДИК да излезе и да ги соопштти резултатите од превремените парламентарни избори.

Граѓаните ги очекуваат официјалните резултати од изборите и ДИК е должна да излезе на прес-конференција и да ги соопшти, порача Спасовски.

Спасовски оцени и дека на предвремените парламентарни избори имало висока излезност имајќи ги во предвид специфичните здравствени услови.

Ќе влезат во историјата предвремените парламентарни избори 2020 година како се организираат со добра здравствена заштита. Пред нас е период на создавање функционални институции, пред се функционално Собрание и Влада. На вчерашниот демократски ден победи волјата на народот, рече Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.