Техничкиот премиер Оливер Спасовски со објава на Фејсбук и посака успех во новиот мандат на Српската напредна партија (СНС) на српскиот претседател Александар Вучиќ, по вчерашната победа на парламентарните избори во Србија.

На изборите одржани во Србија, претседателот Вучиќ и СНС ја добија поддршката од граѓаните. Посакуваме успех во новиот мандат. Во наредниот период, очекуваме досегашната соработка да биде интензивирана и продлабочена во интерес на граѓаните на двете држави, развојот и стабилноста во нашиот регион, и со тоа забрзување на интеграцијата во Европската Унија- наведе Спасовски во пораката на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.