Лицемерие и двојни аршини во Република Македонија. Ова веќе сите го знаат наназад четири години.СДСМ и нивната коалицијата во владата се однесуваат како да се на див Запад. Во сред изборна кампања во 21 век, сеуште гледаме пукање во толпа во воздух на собири на партии на власта во овој случај ДУИ,коментра Димче Аровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според него очигледно е, СДСМ и Оливер Спасовски имаат двојни аршини за граѓаните на Република Македонија.

Зошто? Затоа што Зоран Заев вчера потенцираше дека јавно му напоменал на Оливер Спасовски да постапи според законот за пукањето на партиските собири на власта, притоа да постапи веднаш, без разлика кој пукал и како пукал и од која партија пукал.

Еве, како што и самите гледате пројде трети ден, партиите на власт како СДСМ и ДУИ пукаат на партиски собири во Скопје и Тетово, никој не знае дали тоа оружје било легално или не, дали можеби со него пукале лица од МВР или не. Ако биле лица од МВР зошто не се повело постапка во внатрешна контрола, ако оружјето не било легално од кое се пукало зошто веќе не е запленето.

Оливер Спасовски овие три дена нема спроведено никаква истрага, затоа што и тој и Заев, не само што се плашат да го спроведуваат законот од коалиционите партнери, туку едноставно и имаат двојни аршини за луѓето од власта и за обичните граѓани.

Еве јавно прашуваме зошто се уште нема спроведено истрага, кој пукал, зошто пукал и со какво оружје пукал?

Втора работа дали Оливер Спасовски се плаши или пак ги штити оние што пукаат на партиски собири?

Едно е јасно, истрага до овој момент нема, или пак јавно не е кажано дека има, но очигледно е дека нема и најверојатно нема ни да има, бидејќи ќе се обидат да го заташкаат и да го покријат случајот.

Оливер Спасовски и Зоран Заев го штитат криминалот во Република Македонија. И затоа и сме на ова дереџе како држава и затоа Република Македонија е една од најнебезбедните држава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.