Техничкиот премиер Оливер Спасовски го прими денеска Драган Јордановски, иден амбасадор на нашата земја во Естонија.
Како што соопшти владината прес-служба, Спасовски му посакал на Јордановски успешно привршување на подготовките пред неговото заминување на должноста амбасадор, како и успех во неговите претстојни активности како наш амбасадор во Талин, Естонија.
На средбата беше истакнато дека функционирањето на нашите амбасади во земјите членки на ЕУ во полн капацитет е од исклучително значење во претстојниот период на подготовки на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ.
Од аспект на билатералната соработка со Естонија, беше речено на средбата, особено е важно да се обезбеди континуитет на добрата соработка меѓу двете земји, особено во делот на нашето сојузништво во НАТО и искористување на потенцијалот за збогатување на меѓусебните комуникации во одредени сфери, пред сѐ во делот на образованието и дигиталната технологија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.